Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информираше дека е објавен нов јавен повик за доделување ваучери за инвертер клими за 2026 година, мерка насочена кон поддршка на ранливите категории граѓани и намалување на трошоците за енергија.
Новина во оваа година е тоа што аплицирањето за првпат ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на Министерството, што значи дека граѓаните ќе можат да аплицираат без физичко присуство, без редици и со значително поедноставена процедура.
Ваучерите се наменети за домаќинства со лица со попреченост, како и за семејства со деца со попреченост до 26 години, при што апликантите треба да ги исполнуваат однапред утврдените критериуми.
Со мерката се субвенционира набавка и вградување на инвертер клими со капацитет од 3,5 kW и минимум енергетска класа А+, со цел обезбедување поефикасно и поекономично греење и ладење.
Од Министерството посочуваат дека јавниот повик, заедно со сите детали, услови и рокови, е објавен на нивната официјална веб-страница, каде заинтересираните можат да се информираат и да аплицираат.
Со овој повик, како што наведува Божиновска, Министерството продолжува со конкретни мерки за поддршка на ранливите потрошувачи, истовремено придонесувајќи за зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на живот.
Јавниот повик е објаврн на линкот подолу








