-0.2 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБожиновска на традиционалниот шведски концерт за Санта Луција: „Светлината ја создаваме самите“

Божиновска на традиционалниот шведски концерт за Санта Луција: „Светлината ја создаваме самите“

- Advertisement -spot_img

Вечерва, министерката за енергетира, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствуваше на традиционалната прослава што ја организира Амбасадата на Шведска, со концерт посветен на празникот Санта Луција – еден од најзначајните и најпознати нордиски обичаи што го најавува доаѓањето на Божиќ.

Божиновска ја истакна симболиката на овој празник, кој во Шведска претставува олицетворение на светлина, топлина и надеж во најтемните зимски ноќи. „Секогаш е посебно кога една традиција носи порака што ги надминува границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна во студените и тивки моменти од годината“, рече таа.

Таа упати благодарност до Амбасадата на Шведска за прекрасната атмосфера и можноста присутните да ја почувствуваат автентичната нордиска традиција, која преку музика, песна и свечен амбиент го најавува празничниот период исполнет со радост и оптимизам.

Прославата на Санта Луција и годинава привлече бројни гости од дипломатската заедница и јавниот живот, кои заедно ја споделија магијата на еден од најубавите шведски обичаи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img