0.8 C
Skopje
18 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаБожиновска: Македонија се движи кон европскиот енергетски пазар со јасна стратегија и...

Божиновска: Македонија се движи кон европскиот енергетски пазар со јасна стратегија и конкретни чекори

- Advertisement -spot_img

Скопје – Енергетската политика на Македонија се гради системски, врз основа на закони, институционални решенија и меѓународна соработка, порача министерката за енергетика Сања Божиновска по состанокот на Енергетската заедница.

Како што информираше таа, на состанокот била презентирана актуелната позиција на државата во енергетскиот сектор, со посебен акцент на новиот Закон за енергетика, кој овозможува поголемо усогласување со европскиот пазар на електрична енергија. Дополнително, засилена е рамката за енергетска ефикасност и дефиниран е јасен курс кон интеграција во регионалните и европските енергетски пазари.

Божиновска соопшти дека ревидираниот Национален енергетски и климатски план за периодот 2025–2030 година е во финална фаза на подготовка. Воедно, МЕПСО веќе е приклучено кон Заедничката аукциска канцеларија (JAO), а во 2026 година државата ќе номинира преносен проект за листата на проекти од заеднички интерес (PECI/PMI).

Во делот на енергетската инфраструктура, министерката истакна дека започната е реализацијата на гасниот интерконектор со Грција, додека со Србија се интензивираат активностите за изградба на нов интерконектор.

„Станува збор за енергетска политика со јасна визија, заснована на европски стандарди и институционална одговорност“, нагласи Божиновска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img