домаМакедонијаБожиновска: Македонија има млади што носат идеи, знаење и зелени иновации

Божиновска: Македонија има млади што носат идеи, знаење и зелени иновации

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека младите се најголемата енергија за зелената транзиција и двигатели на современиот и одржлив развој на државата.

На Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта 2026/2027, кој се одржа во Кавадарци, беа доделени признанија за најдобрите ученички тимови од државата.

„Младите не ја чекаат иднината – тие ја создаваат“, истакна Божиновска, додавајќи дека платформата веќе 18 години создава генерации млади луѓе со идеи, визија и храброст да носат промени.

На натпреварот учествувале 42 средношколски тимови од целата држава, кои, според министерката, покажале дека Македонија има знаење, талент и голем потенцијал за развој.

Првото место го освои тимот „GrowHub“ од Струмица, второто место му припадна на „Pepper Waste“ од Гевгелија, додека третото место го поделија „Eco Charge Bike“ од Скопје и „Malesh Air“ од Берово.

Божиновска нагласи дека овие млади луѓе не се само ученици, туку идни инженери, иноватори, претприемачи и носители на зелената транзиција.

„Како Министерство, нашата порака е јасна: поддршката на младите не е декларација, туку инвестиција во иднината на државата. Наша обврска е да создадеме услови младите својата иднина да ја гледаат тука – дома“, порача Божиновска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img