5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБожиновска и УНДП потпишаа Меморандум за зајакнување на енергетската транзиција

Божиновска и УНДП потпишаа Меморандум за зајакнување на енергетската транзиција

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска потпиша Меморандум за соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со кој се воспоставува долгорочна рамка за зајакнување на енергетската транзиција, чистата енергија и одржливиот развој во Северна Македонија.

Со Меморандумот се предвидува интензивна заедничка работа во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и креирање одржливи политики, насочени кон зголемување на енергетската независност и отпорноста на државата, во согласност со националните приоритети и меѓународните климатски цели.

Божиновска истакна дека партнерството со УНДП значи конкретна поддршка за праведна и инклузивна енергетска транзиција, со фокус на намалување на емисиите, јакнење на институциите и подобрување на јавните политики. Посебно внимание ќе биде посветено на вклучување на младите, жените и ранливите категории граѓани во процесите на енергетската трансформација.

На настанот, заедно со постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григорјан, беше испратена порака дека енергетската иднина се гради преку партнерства, експертиза, транспарентност и активен јавен дијалог, со јасна цел – чиста енергија, одржлив развој и зелена иднина за сите граѓани.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img