HomeМакедонијаБожиновска и ЕИБ со заеднички план за забрзување на енергетските инвестиции во...

Божиновска и ЕИБ со заеднички план за забрзување на енергетските инвестиции во Македонија

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика Сања Божиновска одржа работна средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт де Грут, кој во рамките на својата официјална посета на Македонија ја пренесе подготвеноста на Банката за поголема финансиска и техничка поддршка на државата во делот на енергетиката.

На состанокот беше разговарано за проектите што во следниот период би можеле да добијат поддршка од ЕИБ, особено во сегментите кои се клучни за енергетската транзиција. Двете страни се согласија дека модернизацијата на електроенергетската инфраструктура, јакнењето на мрежата и поголемата енергетска ефикасност се области во кои соработката може значително да се продлабочи.

Посебно внимание беше посветено на можностите за финансирање и техничка помош за проекти поврзани со трафостаници, мрежни капацитети и други системски инвестиции. ЕИБ го изрази и својот интерес да се вклучи во дел од процесите поврзани со РЕК Битола, со фокус на транзицијата кон современи и поефикасни енергетски технологии.

Европската инвестициска банка, која има богато искуство со програми за енергетска ефикасност во други земји, понуди и експертска поддршка за креирање и спроведување на национални програми во оваа сфера. Потпретседателот де Грут нагласи дека ЕИБ е подготвена да обезбеди сеопфатна помош – од финансиски инструменти, до експертски тимови и советодавни услуги за инфраструктурни проекти.

Министерката Божиновска ја истакна важноста на партнерството со ЕИБ и потенцираше дека оваа соработка ќе има голем придонес во забрзувањето на клучните енергетски инвестиции, особено оние кои носат поголема стабилност, сигурност и диверзификација на енергетските извори во Македонија.

Од страна на Банката беше потврдена силна волја за понатамошно интензивирање на соработката и поддршка на нови иницијативи од заеднички интерес.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img