6.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБожиновска денес оствари серија средби со амбасадори за продлабочување на соработката во...

Божиновска денес оствари серија средби со амбасадори за продлабочување на соработката во енергетиката

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари серија билатерални средби со амбасадорите на Австрија, Украина, Литванија и Народна Република Кина, со цел размена на искуства и продлабочување на меѓународната соработка во енергетскиот сектор.


На средбите се разговараше за енергетската транзиција, примената на одржливи енергетски решенија, како и за можностите за потенцијални инвестиции и експертска поддршка во развојот на проекти за чиста, праведна и стабилна енергија.


Министерката Божиновска истакна дека меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се клучни за обезбедување безбедна и одржлива енергетска иднина за државата, во согласност со националните приоритети и климатските цели.
„Преку партнерства, размена на знаења и заеднички проекти, градиме стабилен енергетски систем кој обезбедува еколошка, економска и социјална одржливост“, беше порачано на средбите.


Од Министерството информираат дека ваквите активности се дел од пошироките напори за зајакнување на меѓународната соработка и забрзување на енергетската трансформација на земјата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img