домаМакедонијаБорче Димитровски за Muzika24: Битола не е само град, туку начин на...

Борче Димитровски за Muzika24: Битола не е само град, туку начин на живот и култура

- Advertisement -spot_img

Битола отсекогаш била град со посебен шарм, но во последните неколку години сведочиме на една поинаква, впечатлива креативна енергија која го издвојува градот на конзулите од сите останати во државата. Од фасцинантната „Зимска приказна“која ги обедини сите генерации, преку носталгичните враќања на детските хитови од СИДО, па сè до најавените летни спектакли со балканската легенда Здравко Чолиќ и светскиот диџеј Стив Аоки, Битола е дефинитивно местото каде што сите сакаат да бидат.
Зад оваа внимателна селекција, поддршка и осмислена културна стратегија стои тим на луѓе, а како главните еден од креативни мотори се издвојува Борче Димитровски, актуелен секретар на Општина Битола. Човек кој уметноста ја познава одвнатре како долгогодишен играорец и продуцент во КУД „Илинден“, поранешен директор на Центарот за култура и основач на култниот фестивал АКТО. За Музика 24, со Димитровски зборуваме за музиката, креативноста и визијата која ја врати Битола на мапата на најпосакувани европски дестинации.

Музика24: Битола секогаш имала свој специфичен, автентичен културен печат, но во последно време се чувствува една силна, модерна културна офанзива. Како Општина Битола успева да ги селектира и поддржи оние креативни идеи кои денес ја прават Битола културно поразлична и поуникатна од сите други градови во земјава?

Борче Димитровски: Битола по многу нешта е поразлична од другите градови во Македонија и поширокиот регион. Низ вековите таа била место каде што се сретнувале различни култури, јазици и начини на живот, создавајќи препознатливост на градот. Токму затоа во Битола паралелно се развивале и европските, ала франга, и ориенталните, ала турка, влијанија, кои оставиле трага во архитектурата, музиката, традицијата и секојдневниот живот. Ова денес го забележуваат голем број посетители на градот, наши гости од Европа и светот кои доаѓаат кај нас и шетајќи по Широк Сокак, ја чувствуваат уникатноста на градот и се интересираат за неговата историја. Заради тоа, одговорноста е навистина голема – да се учествува, креира и поддржи една автентична културна понуда со која Битола ќе живее во текот на целата година, во пролет, лето, есен и зима, продолжувајќи да го негува духот што ја прави единствена. Да се поддржат сите креативни идеи, воопшто не е лесно, имајќи ги предвид надлежностите на локалната самоуправа, како и средствата потребни за реализација на голем број проекти, но големата љубов кон својот град, претставува главната водилка кон создавање совршен спој на културата, уметноста, архитектурата и убавината на градот. Кога ќе реализирате настан, фестивал или манифестација со врвни изведби од познати и признати уметници, ќе дадете шанса за младите креативци и притоа од преполните простори ќе излезе воодушевена и задоволна публика, тогаш имате мотив повеќе да се ангажирате и да придонесете градот културно да живее и да блеска во својот полн сјај.

Целиот текст може да го прочитате на muzika24

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img