Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, соопшти дека се обезбедени дополнителни 7.000.000 денари финансиска поддршка за РК Еурофарм Пелистер.
„Битола стои зад шампионот“, објави Бојкоски, нагласувајќи дека средствата се предложени во координација со градоначалникот и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Од вкупната сума, 3.000.000 денари се предвидени како награда за освоената шампионска титула во македонската ракометна лига. Според Бојкоски, целта на дополнителната поддршка е зголемување на конкурентноста на клубот, задржување на шампионската титула во Битола и носење радост и спортска гордост за граѓаните.







