HomeМакедонијаБизнисменот Главчев со тешки обвинувања: Јанева, Рустеми и Стефанова барале милион евра...

Бизнисменот Главчев со тешки обвинувања: Јанева, Рустеми и Стефанова барале милион евра поткуп за запирање на постапка

- Advertisement -spot_img

Гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев поднел кривична пријава против поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителите Бурим Рустеми и Лиле Стефанова, обвинувајќи ги дека од него барале поткуп од еден милион евра за да ја запрат постапката против него во случајот „Поштенска банка“.


Според информациите, по завршување на судскиот процес во корист на обвинетите во 2024 година, Главчев решил да ги изнесе во јавност наводите за притисоци и корупција, доставувајќи и материјални докази, меѓу кои и аудио-снимка до надлежните институции.

Главчев тврди дека во јануари 2019 година, преку посредство на сведокот Бојан Јовановски – Боки 13, бил информиран за условите под кои би можела да се запре истрагата. Средбата се одржала во просториите на тогашната телевизија 1ТВ во Скопје.


Според неговите наводи, барањето било јасно – исплата на 1 милион евра, од кои 30% веднаш, а остатокот по донесување на одлука за запирање на постапката. Во спротивно, постапката против него ќе продолжи.


Дополнително, Главчев наведува дека претходно од него биле барани и средства за рекламирање во медиуми, во износи од 50.000 и 100.000 евра. Откако категорично го одбил барањето за поткуп, според неговите тврдења, постапката против него продолжила и траела со години, проследена со низа процесни дејствија, вештачења и притисоци.


Тој истакнува дека токму обвинителите кои биле директно вклучени во предметот, подоцна продолжиле да постапуваат и по неговото префрлање во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Главчев посочува дека по измените на Кривичниот законик во 2024 година, обвинението било повлечено за дел од обвинетите, но не и за него, иако, како што тврди, сите биле во иста правна позиција.


„Како е можно за исто дело и исти докази да има различен третман?“ – прашува тој, додавајќи дека ваквата ситуација отвора сериозни сомнежи за селективна правда.

По неговата кривична пријава, обвинителката Лиле Стефанова возвратила со пријава против Главчев за лажно пријавување.
Тој, пак, смета дека ваквиот потег дополнително ја компромитира довербата во институциите, особено поради фактот што истата обвинителка има улога и во постапките поврзани со неговиот случај.

Главчев отвора и прашање за потенцијален конфликт на интереси, наведувајќи дека лице против кое е поднесена пријава има влијание или улога во постапката што се води против него.
„Во едно правно уредено општество, граѓанинот што пријавува сомнеж за криминал треба да биде заштитен, а не да стане мета на прогон“, вели тој.


Тој бара од институциите професионално, независно и законито да постапат, да ги проверат сите наводи и докази, и да обезбедат целосна транспарентност во процесот.

„Правдата не смее да биде селективна“, порачува Главчев, додавајќи дека ваквите случаи директно ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img