домаТехнологијаBitwarden поминува низ тивка трансформација, а корисниците имаат прашања

Bitwarden поминува низ тивка трансформација, а корисниците имаат прашања

- Advertisement -spot_img

Фото: appshunter.io / Unsplash

Bitwarden, еден од најшироко користените менаџери на лозинки со отворен код во светот, во последните месеци поминува низ серија промени за кои самата компанија не објави ниту едно соопштение. Сите детали излегоа на површина благодарение на корисници кои забележале измени на страната и на LinkedIn профилите од топ менаџментот.

Долгогодишниот извршен директор Мајкл Крандел во февруари се повлече во советничка улога, а на негово место дојде Мајкл Суливан, поранешен CEO на Acquia и Insightsoftware. 

Тоа што загрижи дел од заедницата е неговото досегашно работно искуство, кое е силно ориентирано кон „спојувања и купувања“ и работа со приватни инвестициски фондови како Vista Equity Partners и Hg. Суливан ја предводеше продажбата на Acquia за една милијарда долари во 2019, како и истата сума како инвестиција во Insightsoftware во 2021. Во април ја напушти компанијата и финансискиот директор Стивен Морисон, заменет од Мајкл Шенкман. Основачот Кајл Спеарин останува на позицијата CTO.

Паралелно со ова, на страната на Bitwarden исчезна познатата фраза „секогаш бесплатно” од страницата за личен менаџер на лозинки. После реакции од заедницата, фразата беше вратена, а вработен на Reddit ја опиша промената како „пропуст” на маркетинг тимот.

Bitwarden преку Гери Оренстин за Fast Company изјави дека компанијата „не бара купувач” и дека останува посветена на „робустен бесплатен план што носи вредност за поединците”. 

Сепак, целиот пакет промени, спроведен без официјална објава, остава простор за шпекулации каде се движи една од најценетите платформи со отворен код за безбедност.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img