3.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБитола во развој: Коњановски на терен за проверка на инфраструктурните проекти

Битола во развој: Коњановски на терен за проверка на инфраструктурните проекти

- Advertisement -spot_img

Жителите од трите краци на улицата „16-та“ во Битола конечно ќе стигнуваат до своите домови со чисти чевли, благодарение на инфраструктурните зафати што се реализираат во овој дел од градот. По завршувањето на првиот дел од асфалтирањето, во вредност од околу 1,5 милиони денари, битолското претпријатие „Нискоградба“ започна со поплочување на трите краци со бехатон плочки, инвестиција која изнесува близу 1,8 милиони денари.

Жителите од населбата изразија благодарност за ангажманот и комплетирањето на неопходната инфраструктура, посочувајќи дека овој зафат значително ќе го подобри секојдневното функционирање, особено во дождливиот период и со пристигнувањето на зимата.

Увид во текот на работите направи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, придружен од претставници на општинската администрација, кој ја поздрави динамиката на изведбата и најави продолжување на инвестициите во локалната инфраструктура.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img