домаМакедонијаБитола вечерва ќе пулсира во ритамот на виното и музиката – стартува...

Битола вечерва ќе пулсира во ритамот на виното и музиката – стартува “Вински фестивал”

- Advertisement -spot_img

Вечерва започнува Винскиот фестивал во Битола, кој од 7 до 9 мај ќе го претвори платото пред Офицерски дом во центар на доброто вино, музиката и забавата. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма, дегустација на вина и одлична фестивалска атмосфера.

Програмата започнува во 18:00 часот со настап на resident DJ, кој ќе ја загрее атмосферата до 19:30 часот. Од 19:30 часот ќе настапи групата B52, додека од 21:00 часот следува „Пауза за ракија“, дел посветен на традиционалните вкусови и дружењето. Забавата продолжува со DJ Carlito, кој ќе настапува од 23:00 до 00:30 часот.

Оваа година учество на фестивалот земаат винариите Тиквеш, Попов, Монтеко, Сопот, Лазар, Бовин, Буре, 5ка и Винарија Охрид, кои ќе понудат богата селекција на македонски вина и уникатни вкусови за сите посетители.

Винскиот фестивал носи спој на урбана атмосфера, квалитетна музика и врвна винска понуда, а битолчани и посетителите од целата држава ќе имаат можност три дена да уживаат во уникатно фестивалско доживување под отворено небо.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img