3.8 C
Skopje
28 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаБитола го прослави јубилејот 70 години ракометна историја со јавна трибина, ветерани...

Битола го прослави јубилејот 70 години ракометна историја со јавна трибина, ветерани и свечени настани

- Advertisement -spot_img

Во рамки на одбележувањето на 70-годишниот јубилеј на ракометот во Битола, се одржа јавна трибина под мотото „Нашиот клуб, нашата гордост – предизвици и можности“. Настанот е дел од годишната програма посветена на значајниот јубилеј, а беше организиран во паузата меѓу првиот и вториот дел од натпреварите во Супер лигата и европските купови. Ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ роденденот го одбележува со повеќе манифестации.

На трибината присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој упати честитка до клубот, ракометарите, навивачката група „Чкембари“ и до сите кои се дел од ракометниот спорт.

„Седумдесет години постоење значи голема историја. Чест ми е и голема одговорност да зборувам пред луѓе кои оставиле длабока трага во ракометот и спортот. За мене Пелистер и Битола се едно – ракометот е спортот кој најмногу го прослави нашиот град“, истакна Коњановски.

За историјата на ракометот во Битола говореше спортскиот хроничар и новинар во пензија, Димче Миновски, кој потсети дека ракометната приказна во градот започнува уште во 1926 година, и тоа со женски ракомет.

„Денес одбележуваме 70 години од постоењето на РК ‘Пелистер’, но ракометот во Битола има уште подлабоки корени. Првите чекори ги направиле женските екипи, а првиот натпревар се одиграл на стадионот под Тумбе кафе. Подоцна следува развојот на големиот ракомет и силниот ‘Пелистер’ на домашната и меѓународната сцена“, нагласи Миновски.

За современиот развој на „Еурофарм Пелистер“ и ракометната платформа на Битола говореше претседателот на клубот, Зоран Стерјов, кој истакна дека историјата е темел за сегашноста и иднината на клубот.

„Битола треба да се гордее со овој клуб и да ја негува неговата традиција. Благодарност до сите кои во изминатите 70 години придонеле ‘Пелистер’ да стане бренд на македонскиот и европскиот ракомет. Обединувањето секогаш носи резултати, а тоа го покажува и нашата ракометна платформа“, рече Стерјов.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот, во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе се одржи свечена академија и ревијален натпревар на ветераните на „Пелистер“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img