7.8 C
Skopje
13 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБилал Касами: Централното собрание ја разреши партиската управа, чекор кон обединување на...

Билал Касами: Централното собрание ја разреши партиската управа, чекор кон обединување на ВЛЕН

- Advertisement -spot_img

Централното собрание на Движење Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект.


Како што информира претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, одлуката е донесена врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што ја сочинуваат коалицијата ВЛЕН, со цел да се отвори патот за нејзино структурирање и формално обединување.


Собранието го овластило Касами да ги продолжи разговорите за иднината на ВЛЕН, со поддршка за спојување во еден субјект, со решение што, како што наведува, ќе го почитува принципот на правда и ќе го одразува гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и на Албанците во земјата.


На седницата била разгледана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата. Според Касами, било констатирано дека партијата има капацитет за значително поголем придонес од досегашниот. Анализата на работата на функционерите ќе продолжи во наредните денови, а наодите ќе бидат земени предвид при претстојната реконструкција на Владата.


Од Движењето Беса порачуваат дека позициите во Владата ги гледаат како средство за поефикасна служба кон граѓаните, особено кон Албанците, и дека сите идни одлуки ќе се темелат на тој принцип.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img