Без вода од 7:45 часот се неколку улици на скопската територија поради дефект, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што појаснија, поради дефект на приклучна водоводна цевка, со прекинато водоснабдување се корисници од улиците Жил Верн, Есенинова, Балканска и Тодор Паница.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.









