Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека:
· Најавениот прекин во водоснабдувањето, односно отстранувањето на дефект во водоводна мрежа на улицата Црвена Вода, поради технички причини се одложи за денеска, поради тоа од 09:00 часот до завршувањето на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица во општина Центар;
· денеска, поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник одФ 80мм. на улица 20-ти Октомври бб, од 10:30 часот до завршување на работните активности. прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на истата улица во општина Центар.








