домаСветБелгискиот министер за одбрана: Европа ја очекува тешка зима

Белгискиот министер за одбрана: Европа ја очекува тешка зима

- Advertisement -spot_img

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди дека Европа мора да се подготви за нови руски хибридни напади во наредните месеци, истакнувајќи дека континентот го очекува „тешка зима“.

Франкен ова го изјави за новинарката на „Еуроњуз“, Анџела Скујинс, за време на Самитот за одбрана во Брисел, каде што ја опиша Русија како најголема закана за безбедноста на Белгија.

Земјата годинава се соочи со неколку инциденти поврзани со беспилотни летала, од кои некои го попречија воздушниот сообраќај.

„Русија, воздушен напад, воздушен напад, воздушен напад. Тоа е најголемата закана. Затоа ни е потребна воздушна одбрана, воздушна одбрана, воздушна одбрана“, нагласи Франкен.

Тој додаде дека на Европа ѝ е потребна украинска технологија за да се спротивстави на руските беспилотни летала на млазен погон.

„Мораме да имаме поголеми залихи, да го зголемиме и прошириме производството и да имаме силна индустриска база. Сè мора да се одвива побрзо. Во наредните месеци ќе има повеќе хибридни закани. За Европа тоа ќе биде тешка зима“, тврди тој.

Министерот изјави дека Русија има 50-годишно искуство во хибридни напади и дека Белгија мора да ги следи технолошките трендови.

„Не сакам да имам залиха од 200.000 беспилотни летала кои нема да можам да ги користам по два месеца бидејќи се застарени. Мораме да се прилагодиме“, рече тој.

Франкен изјави дека Белгија со години вложувала премалку во одбраната, но дека сега ги зголемува издвојувањата.

„Бевме како најлошиот ученик во класот на НАТО. Издвојувавме еден отсто од БДП за одбрана“, призна тој, додавајќи дека средствата веќе се удвоени.

„Но, не можам за 18 месеци да го надоместам она што било занемарувано 40 години“, истакна тој.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img