Викендов полицијата од Неготино заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ извршија контроли во угостителски објекти во Неготино. Во еден од објектите најдоа малолетници послужени со алкохол.
Со малолетниците се извршени службени разговори во присуство на претставник од Центар за социјални работи Неготино, по што се предадени на родители или блиски роднини.
„Полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода А.С.(25) и еден малолетник од Неготино, поради основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик ’точење алкохолни пијалаци на дете’“, соопшти МВР.
За апсењата и точењето алкохол на малолетници е известен јавен обвинител и МВР најави соодветни поднесоци по целосно документирање на настанот.
Фото:Депозитфотос








