HomeМакедонијаАнкетна комисија за Кочани: И Мицкоски и Филипче се уште ја саботираат

Анкетна комисија за Кочани: И Мицкоски и Филипче се уште ја саботираат

- Advertisement -spot_img

ВМРО-ДПМНЕ ја кочи анкетната за Кочани и за останатите сообраќајни несреќи иако сами ја предложија вадејќи се на заклучоците од постојаната анкетна со кои тие не се согласуваат вели претседателот на Левица Димитар Апасиев за ТВ 24.

Апасиев кој воедно и претседава со постојаната анкетна во собранието вели дека веќе јавно ги објавил предлог заклучоците но не може да свика комисија бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема да сакаат да прават кворум и нудат контра заклучоци.

– Кога ќе се постигне консензус на пратеничките групи може да разговараме за продолжение. За сега ДПМНЕ ја кочат работата бидејќи понудија свои контра-заклучоци кои не соодвестуваат со она што беше говорено на самата седница. Предлог заклучоците што ги понудив веќе ги имав објавено.

Предлог заклучоците кои веќе ги објави лидерот на Левица и пратеник Апасиев се содржани во 14 точки во кои се осудува институционалната нефункционалност, исто така дека трагедијата укажува на сериозни институционални слабости, барање за трансапарентна кривична постапка а ЈО и институциите да постапуваат непристрасно, но и се бараше собранието да ја заостри регуларивата и да усвои итни законски измени кои ќе го подобрат регулаторот и инспекцискиот надзор а пратениците од власта и опозицијата да ги надминат политичките разлики и заедно да донесат посебен закон за обештетување на семејствата на жртвите.

Во меѓувреме освен Левица ниту една друга пратеничка група нема доставено предлози за членови за анкетната која ја иницираше парламентарното мнозинство . Иако опозицискиот лидер Филипче во неколку наврати тврдеше дека ќе го направат тоа и денеска од неговата пратеничка група со сличен одговор.

ВМРО-ДПМНЕ пак во неколку наврати велеа дека чекаат Апасиев да ја свика комисијата и официјално да ги презентира заклучоци а што се однесува до онаа на парламентарното мнозинство во последното гостување на Анализа на ТВ 24 пратеникот Љупчо Пренџов рече дека тие веќе ги имале изготвено предлог членовите и замениците но се уште не ги поднеле за да не се тераат паралелно два процеси . Односно додека целосно не се произнесе по однос на Кочани постојаната Анкетна комисија со која претседава Апасиев.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img