домаМакедонијаАнгелов: 26 пожари за еден ден, опасноста од нови огнови останува висока

Ангелов: 26 пожари за еден ден, опасноста од нови огнови останува висока

- Advertisement -spot_img

Опасноста од пожари на отворен простор и понатаму е висока, а големиот број интервенции ги исцрпуваат пожарникарите и сите екипи ангажирани во нивното гаснење, предупреди денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 26 пожари на отворен простор, а повеќе екипи и денеска се ангажирани на терен.

Најсериозна е состојбата во Струшко, каде што активен шумски пожар има во атарите на селата Локов и Буринец. Огнот засега зафаќа претежно нискоквалитетна шума, грмушки и трње, но постои опасност да се прошири кон поквалитетна шума.

Поради тоа се разгледува можноста за ангажирање хеликоптер, но Ангелов посочи дека неговата употреба во најтоплиот дел од денот е ограничена. На терен се испратени екипи на „Национални шуми“, кои работат на утврдување на состојбата и ставање на пожарот под контрола.

Драматично било и во Боговиње, каде што пожарот во атарите на Урвич и Јеловјане доцна синоќа се приближил до селото Јеловјане. Огнот се движел низ папрат и сува трева на надморска височина од околу 1.400 метри.

Според Ангелов, пожарникарите од Тетово успеале да го сопрат огнот на самиот пат, со помош и на локалното население од двете села. Во моментов состојбата е стабилна, а пожарот е делумно ставен под контрола и не загрозува населени места.

Пожар избувнал и во Штипско, во атарот на селото Селце, во близина на вештачкото езеро Мантово и падините на планината Серта. Штипските пожарникари, заедно со огнен тим на ДЗС составен од доброволни пожарникари, во текот на ноќта работеле на негово локализирање.

Во гаснењето бил вклучен и полициски хеликоптер, кој помогнал да се стави под контрола еден крак од пожарот. Огнот главно зафатил ниска вегетација – трева, трње и грмушки.

Ангелов предупреди дека и покрај тоа што денеска започнува учебната година, пожарната опасност не е намалена и граѓаните треба да бидат особено внимателни.

„Вегетацијата е многу сува и доволна е само една искра за вистинска катастрофа“, порача Ангелов, додавајќи дека во текот на денот се очекува појава и на нови пожари.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img