домаМакедонијаАндоновски: Скокот од 29 позиции е меѓународна потврда за реформите во сајбер-безбедноста

Андоновски: Скокот од 29 позиции е меѓународна потврда за реформите во сајбер-безбедноста

- Advertisement -spot_img

Македонија бележи значителен напредок на Националниот индекс за сајбер-безбедност (NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и заземајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии. Со 84,17 поени од можни 100, земјата е оценета со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и справување со сајбер-инциденти, соопшти Министерството за дигитална трансформација.

Според Министерството, подобрувањето е забележано и во меѓународните медиуми, кои ја издвојуваат Македонија меѓу државите со најзначаен напредок во националните капацитети за сајбер-безбедност.

Индексот го развива естонската „Академија за е-управување“ (e-Governance Academy – eGA), а подготвеноста на државите се оценува преку 49 индикатори во 12 области. Оценувањето ги опфаќа стратешките, превентивните и капацитетите за одговор на сајбер-закани, врз основа на закони, официјални документи, институционални механизми и докази за практична примена на мерките.

Македонија има максимални оценки во повеќе области, меѓу кои политиките за сајбер-безбедност, заштитата на критичната информациска инфраструктура, образованието и професионалниот развој, заштитата на личните податоци, одговорот на сајбер-инциденти и борбата против компјутерскиот криминал.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски оцени дека напредокот претставува меѓународна потврда за спроведените реформи.

„Скокот од 29 позиции е меѓународна потврда дека реформите што ги спроведуваме создаваат конкретни и мерливи резултати“, изјави Андоновски, посочувајќи ги воспоставувањето појасна институционална одговорност, современата законска рамка и зајакнатите механизми за заштита на критичната инфраструктура и одговор на сајбер-инциденти.

Од Министерството наведуваат дека напредокот е резултат на повеќе системски мерки, меѓу кои донесувањето на Законот за безбедност на мрежни и информациски системи, усвојувањето на Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 и Акцискиот план за нејзино спроведување, воспоставувањето механизми за национална координација и зајакнувањето на капацитетите за пријавување и справување со сајбер-инциденти.

Новата законска рамка ги утврдува надлежностите на Министерството за дигитална трансформација во областа на безбедноста на мрежните и информациските системи, воведува обврски за управување со сајбер-ризици и пријавување инциденти и ја зајакнува заштитата на суштинските и важните субјекти.

Министерството најавува продолжување на спроведувањето на Стратегијата и Акцискиот план, натамошно зајакнување на националните капацитети за превенција и одговор, развој на стручниот кадар, подигнување на свеста кај граѓаните и компаниите и продлабочување на меѓународната соработка.

Од Министерството оценуваат дека безбедната дигитална држава подразбира сигурни јавни услуги, заштитени податоци, отпорна критична инфраструктура и поголема доверба на граѓаните во процесот на дигитална трансформација.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img