домаМакедонијаАмерикански државјанин тешко повреден при слетување со параглајдер во Битолско

Американски државјанин тешко повреден при слетување со параглајдер во Битолско

- Advertisement -spot_img

Американски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при слетување со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, во атарот на битолското село Породин.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен вчера во 15:52 часот во СВР Битола, дека при слетувањето со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б. (59) од САД се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола.

– На 05.07.2026 во 15:52 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б.(59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди. Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди – стои во соопштението.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img