домаСпортАмериканец со македонски пасош потпиша за Пелистер

Американец со македонски пасош потпиша за Пелистер

- Advertisement -spot_img

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со формирањето на тимот за сезоната 2026/2027 и го промовираше второто засилување во летниот преоден рок. По ангажманот на Благој Димитриев, нов член на битолскиот клуб е Алонзо Едвард Денинг. Станува збор за кошаркар од САД со македонско потекло, кој поседува и македонско државјанство. Благодарение на тоа, во домашното првенство тој ќе има статус на домашен играч, што претставува дополнителна предност за битолчани. Настапува на позицијата крилен центар, а пред трансферот во Пелистер играше во клубови од Азербејџан, Еквадор и од Косово, каде што се здоби со значајно меѓународно искуство.

Новиот кошаркар на Пелистер официјално ќе биде претставен пред јавноста на почетокот од подготовките за новата сезона.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img