„Шишињата за вода за повеќекратна употреба повеќе не се дозволени на стадионите на Светското првенство “ – вака гласи анредбата од страна на ФИФА, кон организаторите САД, Мексико и Канада, на претстојниот Мундијал.
Светската кровна организација смета дека екстра популарните шишиња на тој континент се потенцијална опасност, па за да се спречи секаква можност од евентуална повреда, истите нема да бидат дозволени.
Секако, ова го покренува прашањето околу хидратацијата на милионите гледачи кои што ќе ги следат во живо мечевите, а нормално во моментов и во тој дел од светот е лето, па температурите ќе бидат минимум до 30 целзиусови степени.
Конечно, со оглед на фактот што навивачите веќе на големо коментираат за екстремно високите цени на билетите, сместувањата, превозот, рестораните во САД, може само да се замисли што се ќе имаат да кажат околу цената на водата што ќе мора да ја купат на стадионите.








