-1.2 C
Skopje
19 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаАмбасадорката Агелер и Меџити се обединија за одржливиот развој на Охридското езеро

Амбасадорката Агелер и Меџити се обединија за одржливиот развој на Охридското езеро

- Advertisement -spot_img

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, на која дискутираа за унапредување на соработката во заштитата и одржливиот развој на Охридското езеро.

На средбата се разговараше за подобрување на квалитетот на водата, управувањето со риболовот и развојот на езерскиот туризам, како и за конкретните предлози на американските експерти, вклучувајќи ја зајакнувањето на Хидробиолошкиот институт, лимнолошкото мониторирање и заштитата на охридската пастрмка.

Средбата ја следеше и проф. Џејсон Стоквел, кој наскоро ќе ја посети Охридската област и ќе разменува идеи за понатамошна соработка со македонските институции.

Меџити истакна дека заштитата на Охридското езеро останува национален и меѓуграничен приоритет, а соработката со САД и меѓународните партнери ќе придонесе за зачувување на ова природно и културно наследство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img