Случајот на судијата Ѓоко Ристов, кај чии родители беа најдени 350.000 евра во ѕид, нема врска со адвокатот Фехми Стафа, кој е во притвор дека дал 50.000 на апелациски судија за притворот на Љупчо Пецов Џаволот, вели во 24 Анализа адвокатот на Стафа, Асмир Алиспахиќ.
„Одговорно тврдам дека мојот вастодавец не дал мито на ниеден судија и нема врска со случајот Ристов“ – вели Алиспахиќ.
Според него, ниту Драган Паунов, осомничениот инспектор на УЈП за катастрофата во Пулс, дека давал информации на газдите на „Пулс“ за подароци.
„Одговорно тврдам дека в.д. шефицата на Кривичен суд, Даниела Димовска, нема влијаено на истрагата за нејзиниот брат. И ќе докаже дека тој не е виновен“ – изјави за 24 анализа Алиспахиќ.









