домаРегионАлександар Вучиќ се прости со вработените во неговиот кабинет со „А, сад...

Александар Вучиќ се прости со вработените во неговиот кабинет со „А, сад адио“ – утре поднесува оставка

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на Инстаграм објави дека го завршува својот втор претседателски мандат и дека по тој повод приредил коктел за вработените во својот кабинет.

„Ви благодарам за тоа што истрајавте и во моментите кога се случуваа работи што не ви се допаѓаат. Јас несомнено грешев, а секој нормален човек го прави тоа секој ден. И ви благодарам бескрајно за сè. Десет години од животот не се мал период“, објави тој на Инстаграм што им рекол на вработените.Вучиќ се збогуваше со членовите на својот кабинет со танц, оро и со песните „А сад адио“ и „Четири године“. Претходно тој најави дека во недела навечер ќе поднесе оставка на функцијата претседател на Републиката и на граѓаните ќе им ја образложи таа своја одлука.

„Во недела е напорен ден. Во недела навечер поднесувам оставка, мислам дека ќе биде околу осум часот навечер“, им изјави Вучиќ на новинарите во четвртокот во Њујорк.

Откако Вучиќ ќе поднесе оставка на претседателската функција, како вршител на должноста ќе го наследи претседателката на распуштеното Собрание на Србија, Ана Брнабиќ. Според Уставот на Србија, претседателските избори мора да се одржат во рок од три месеци од денот на поднесувањето на неговата оставка.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img