домаМакедонијаАктивни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар

Активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар

- Advertisement -spot_img

Вкупно девет пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на државата до 13 часот денеска, информира Центарот за управување со кризи.

Од нив, пет пожари се активни, еден е ставен под контрола, а три се целосно изгаснати.

Активни пожари има во пет општини.

Во Општина Аеродром, пожарот е регистриран во село Горно Лисиче, каде што гори ниска вегетација, дрва и пченка.

Во Општина Илинден, активен е пожарот на автопатот Скопје–Велес, спроти бензинската пумпа „Макпетрол“, каде што гори ниска вегетација.

Пожар е активен и во Општина Босилово, во село Турново, каде што гори стрниште.

Во Крива Паланка, пожарот е регистриран на излезот од градот, на локација која претставува депонија.

Активен пожар има и во Општина Гостивар, во село Симница, каде што се зафатени ниска вегетација, стрништа и грмушки.

Пожарот во Општина Зелениково, над селото Зелениково, е ставен под контрола. Таму огнот зафатил шума и ниска вегетација.

Во текот на денот се регистрирани и три изгаснати пожари – во село Грчец, Општина Сарај, на локацијата на Новите градски гробишта во Прилеп, како и во село Црвивци, Општина Кичево.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img