HomeМакедонијаАкциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

Акциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

- Advertisement -spot_img

Изречени се 37 мерки за прекршоци при акциска контрола на возачи на товарни моторни возила на територија на целата држава, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во периодот од девет до 14 часот, на подрачја на повеќе сектори за внатрешни работи, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, насочена кон санкционирање на прекршоци сторени од возачи на товарни моторни возила. При контролата изречени се вкупно 37 мерки за сторени сообраќајни прекршоци, информираа од МВР.

Од нив, 12 мерки се однесуваат на возачи на товарни моторни возила поради претовареност, вонреден превоз и некористење на церада, една мерка за задолжителна опрема во возило, една мерка за технички неисправно возило и 10 мерки за останати сообраќајни прекршоци.

– Дополнително, поднесени се 13 барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица. За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување, можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додадоа од МВР.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img