7.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаАХМЕТИ ГУБИ УШТЕ ЕДЕН ПАРТНЕР – Турската демократска партија најави крај на...

АХМЕТИ ГУБИ УШТЕ ЕДЕН ПАРТНЕР – Турската демократска партија најави крај на коалицијата со „Европски фронт“

- Advertisement -spot_img

Лидерот на ДУИ Али Ахмети губи уште еден сојузник откако Турската демократска партија (ТДП) најави крај на коалицијата со „Европски фронт“.

Претседателот на Турската демократска партија (ТДП), Зулфиќар Зејнула, во интервју за порталот TimeBalkan најави дека завршила соработката со „Фронтот за Европа“ предводен од ДУИ.

Тој изрази загриженост за сè поостриот политички речник кој го користат двата најголеми етнички блока во земјава, нагласувајќи дека ТДП отсега ќе ги штити приоритетно интересите на турската заедница.

„Одлуката да учествуваме на изборите во 2024 година преку Фронтот беше донесена во согласност со тогашните политички околности и интересот на нашиот народ. Денес сме во нов процес“, вели Зејнула.

Иако пратеникот на ТДП, Бејџан Илијаз, сè уште делува како дел од пратеничката група на Европски фронт, во партијата се разгледува можноста за нова политичка ориентација пред локалните избори.

„Немаме затворен став околу идниот коалициски партнер. Она што е важно е заштитата на правата и интересите на турската заедница. Нашата лојалност не е кон коалиции, туку кон принципи“, истакна Зејнула, додавајќи дека ТДП спроведува внатрепартиски консултации и дека, доколку биде потребно, ќе го праша и народот за поддршка на идната насока.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img