домаМакедонијаАгресивниот татко ќе биде сместен во Демир Хисар откако неговата ќерка јавно...

Агресивниот татко ќе биде сместен во Демир Хисар откако неговата ќерка јавно бараше помош од институциите

- Advertisement -spot_img

Откако една девојка од Куманово беше приморана јавно да ја раскаже својата семејна драма, со сите приватни детали за стравот и безизлезноста во која живеела со својот агресивен татко, дури тогаш институциите најдоа решение за случајот.

Во своето видео-обраќање, жената раскажа дека со години живее во страв поради својот татко, кој, според нејзините тврдења, има проблеми со алкохол и дијагностицирани психички нарушувања. Таа посочи дека во домот живеат три жени и нејзиниот брат со церебрална парализа, кој, како што вели, исто така бил изложен на трауматични ситуации.

„Не знам во кој век живееме, но ова лудило и оваа агонија мора да престанат. Имам брат со церебрална парализа кој живее со нас и ги има преживеано сите овие трауми“, порача таа.

Според нејзиното сведоштво, семејството повеќепати се обидувало да добие институционална помош, но наидувале на проблеми при обезбедување соодветно лекување и сместување.

По реакцијата во јавноста, од Секторот за внатрешни работи Куманово информираа дека случајот е познат и дека се преземаат мерки во координација со Основното јавно обвинителство и други надлежни институции.

Лицето се спроведува во Психијатриската болница Демир Хисар, а по претходно добиено решение од Основниот суд Куманово“, соопштија од СВР Куманово.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img