Според најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), бројот на активни претплатници во мобилната телефонија заклучно со третиот квартал лани изнесува 2.105.467, а реализрани се 1.299.617.051 минути разговор. Резиденцијални припејд претплатници се 833.089, резиденцијалн постпејд 1.024.072, а деловни постпејд 248.306.
Извештајот на АЕК покажува дека А1 Македонија има најголем број претплатници, односно 47,41 процент удел во вкупниот број претплатници, Македонски Телеком 46,68 проценти, М-ТЕЛ 4,55 проценти, Телекабел 1,27 проценти, а Греен мобиле 0,10 проценти.
Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во третиот квартал имале 1.781.697 претплатници.
Според податоците на АЕК, во третиот квартал во државава имало 459.643 фиксни линии, со удел од 51,68 проценти на Македонски Телеком, 43,34 проценти А1 Македонија, 3.17 проценти Телекабел, 1,26 проценти Неотел, 0,55 процент.







