2.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаАЕК: Оне Македонија избрана за победник на националниот тендер за 5G спектар

АЕК: Оне Македонија избрана за победник на националниот тендер за 5G спектар

- Advertisement -spot_img

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска соопшти дека Оне Македонија, подружница на 4iG Group, е избрана за победник на националниот тендер за доделување 5G спектар во Северна Македонија.


Со оваа одлука се отвора патот за лансирање на првата национална самостојна 5G мрежа (5G SA) во земјата, што, според АЕК, претставува значаен чекор во развојот на безбедна и идно ориентирана дигитална поврзаност во регионот.
Тендерската постапка ја заврши Оне Македонија како единствен учесник, што ѝ овозможува да изгради и управува со една од најнапредните и најбезбедни самостојни 5G мрежи во регионот. Компанијата претходно информираше дека има склучено прелиминарен договор за стратешка соработка со Ericsson, кој ќе опфати планирање, дизајн и имплементација на новата мрежа.


Почетокот на комерцијалните 5G услуги е планиран за крајот на март 2027 година. Долгорочната развојна мапа предвидува целосна покриеност на урбаните средини и клучните транспортни коридори до 2030 година, како и национален пристап до брз интернет до 2032 година. Целта на проектот е обезбедување брза, сигурна и безбедна мобилна поврзаност за граѓаните, институциите и бизнисите, во целосна усогласеност со европските стандарди и вредности.


Како дел од 4iG Group, една од водечките технолошки и телекомуникациски компании во Централна и Источна Европа, Оне Македонија се очекува да придонесе за зајакнување на дигиталниот екосистем и забрзување на технолошкиот развој на земјата. Групацијата веќе работи под брендот ОНЕ во Западен Балкан, нудејќи фиксни и мобилни услуги во Албанија и мобилни услуги во Црна Гора.


Со седиште во Будимпешта, 4iG Nyrt. е котирана на Будимпештанската берза и е препознатлива по својот иновативен пристап во телекомуникацискиот и ИКТ-секторот. Како сопственик на ОНЕ Црна Гора и ОНЕ Албанија, Групацијата обезбедува услуги за околу 2,2 милиони резиденцијални и 400.000 бизнис корисници во Западен Балкан и е посветена на изградба на мрежи со технологии од доверливи и безбедни извори, во рамките на иницијативата „Clean Network“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img