Премиерот Мицкоски на социјалните мрежи сподели фотографии од денешната работна посета на РЕК Битола.
– Денеска остварив работна посета на РЕК Битола и средба со раководството на РЕК Битола и АД ЕСМ.
На работниот состанок разговаравме за актуелните активности, функционирањето на енергетските капацитети, предизвиците и идните планови за унапредување на работењето.
Континуираната комуникација, координација и посветеност на институциите и вработените се важни за стабилно функционирање на енергетскиот систем и обезбедување сигурно производство на електрична енергија. – напиша Мицкоски.






