домаМакедонијаПретседателот на БДС, Колашинац се сретна со Бечировиќ, член на Претседателството на...

Претседателот на БДС, Колашинац се сретна со Бечировиќ, член на Претседателството на БиХ

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС), Мунир Колашинац, денес присуствуваше во Охрид на Самитот на Процесот Брдо-Бриони, кој ги обединува високите претставници и претставниците на државите од регионот, со цел зајакнување на меѓусебната соработка, дијалогот и стабилноста на Западен Балкан.

Во рамките на овој настан, Колашинац се сретна и разговараше со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Бечировиќ. Во пријателски разговор беа разменети мислења за актуелните политички прашања, положбата на Бошњаците и значењето на зачувувањето на регионалната соработка и добрососедските односи.

За Бошњачкиот демократски сојуз, оваа средба има посебно значење, бидејќи претставува можност за зајакнување на врските со институциите и претставниците на Босна и Херцеговина, афирмација на интересите на Бошњаците во регионот и отворање простор за идна соработка.

БДС ќе продолжи да го негува дијалогот, да гради партнерски односи и активно да придонесува во поврзувањето на Бошњаците во регионот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img