домаМакедонијаГрипот ги полни ординациите, расте бројот на заболени

Грипот ги полни ординациите, расте бројот на заболени

- Advertisement -spot_img

Грипот ги полни ординациите. Заразени се цели семејства, а присутен е и ковид-19. Заболените имаат подолготрајна клиничка слика, која трае и до три недели – вели доктор Атанасова. Кај децата сè уште доминираат респираторните инфекции.

„Имаат долготрајна клиничка слика и тоа нас нè загрижува како лекари. По две до три недели, кај голем дел од пациентите клиничката слика едвај е подобрена. Може подолго време да ги држи, но клиничката слика е поблага годинава. Го немаме оној нагол, бурен почеток. Грипот знае да биде брутален, за два часа да ве деранжира, да ве легне во кревет. Симптомите се типични: силна главоболка, малаксаност, замор, надразнителна сува кашлица“, изјави д-р Мира Атанасова – педијатар и матичен лекар.

Најмногу заразени од грип има во Скопје. За една недела потврдени се над 180 случаи – 22 отсто повеќе од претходната седмица. Но, допрва се очекува бројот на инфицирани да се зголемува. Грипот предизвикува и компликации кај повозрасните и децата со хронични заболувања.

Најефикасната заштита против сезонскиот грип е имунизацијата, особено за повозрасните и хронично болните. Досега од грип се заштитени повеќе од 33.500 граѓани.

Пријавени за вакцинација се 80 илјади – квотата за бесплатна вакцина засега е исполнета.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img