домаМакедонијаТошковски: Жал ми е што држава членка на ЕУ стана заштитник на...

Тошковски: Жал ми е што држава членка на ЕУ стана заштитник на криминалци, тоа говори за нив не за нас

- Advertisement -spot_img

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва изрази жалење што една земја членка на Европска Унија е заштитник на сите осомничени и осудени за криминал.

Во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5, прашан дали има соработка со бугарската полиција во врска со случајот со Ива Михаилова и изјавата на бугарскиот колега дека не планираат да постапат по потерницата и да ја вратат во Македонија, Тошковски посочи дека тоа говори за нив и оти ние треба да си го држиме курсот кој што го држиме.

– Мене ми е многу жал што една земја членка на Европска Унија е заштитник на сите осомничени и осудени за криминал. Тоа говори за нив, не говори за нас. Ние треба да си го држиме курсот којшто го држиме. Ние треба да сториме сѐ да си ја направиме Македонија подобро место за живеење. Мислам дека сме на прав пат. Со сето ова коешто го правиме, мислам дека сме на прав пат – рече Тошковски.

Македонија, нагласи, за среќа не е прибежиште на осомничени и на осудени криминалци.

Во однос на истрагата како Михаилова ја поминала границата посочи дека истиот ден се потврдиле лажните тврдења на осомничената и нејзиниот адвокат дека легално ја поминале границата, а други детали не откри во интерес на истрагата.

Министерот Тошковски за два-три месеци очекува резултати од дигитализацијата на која работеле две и пол години, подвлекувајќи дека ако правилно се вложувало последниве 10 години, немало да се случува тоа што се случува сега. Македонија, подвлече, е планинска земја со 85% од зелената граница во рамки на планински реони и оти физички не може да се покрие ниту една десеттина.

– Да почнеле со дигитализација пред 10 години, сега ќе бевме дигитализирани. Да почнеле со Полициска академија пред 10 години, сега веќе ќе имавме околу 1.500 до 2.000 обучени полициски службеници низ Полициска академија. Ако не и три, зошто да не и три – рече Тошковски, подвлекувајќи дека со европските партнери работат на зајакнување на целокупната граница, не само на зелената.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img