домаМакедонијаЕве во кој македонски град е најевтин, а во кој најскап

Еве во кој македонски град е најевтин, а во кој најскап

- Advertisement -spot_img

Велешани јадат најевтин леб во Македонија, додека струмичани плаќаат највисока цена, покажува истражувањето на Институтот за економски политики и истражувања „Фајненс тинк“.

Истражувањето ги опфаќа просечните цени на лебот произведен од пченично брашно тип 500 во различни градови низ државата.

Според објавените податоци, просечните цени за еден килограм леб изнесуваат:

Велес – 70,65 денари
Скопје – 76,60 денари
Струмица – 85,89 денари

Разликата меѓу градот со најевтин и градот со најскап леб изнесува 15,24 денари за килограм, што значи дека струмичани плаќаат околу 21,6 проценти повеќе од велешани.

Доколку едно домаќинство троши по еден килограм леб дневно, разликата во месечните трошоци меѓу Велес и Струмица би изнесувала околу 457 денари, пресметано за 30 дена.

Податоците покажуваат дека и кај еден од најосновните прехранбени производи постојат значителни разлики во цените во зависност од градот во кој живеат граѓаните.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img