домаСветВо Германија уапсени двајца Ирачани, планирале напади врз синагоги

Во Германија уапсени двајца Ирачани, планирале напади врз синагоги

- Advertisement -spot_img

Двајца Ирачани се уапсени во Германија под сомнение дека планирале напади врз објекти поврзани со САД и еврејската заедница, вклучително и синагоги, соопшти канцеларијата на главниот државен обвинител во Карлсруе.

„Ирачките државјани Мостафа Ал Р. и Амир Ј. се осомничени за членство во терористичка организација и подготовка на напади врз цели во Европа“, се наведува во соопштението на канцеларијата на главниот државен обвинител во Карлсруе.

Двајцата осомничени се во близок контакт со проиранската терористичка организација ХАЈИ, која е обвинета за организирање серија напади врз објекти поврзани со САД, Израел или еврејските заедници во Европа од почетокот на војната во Иран.

„Мостафа Ал Р. и Амир Ј. основале подружница на оваа организација во Германија со цел подготовка и извршување на нападите и регрутирале луѓе кои ќе ги извршуваат нападите со експлозиви“, се наведува во соопштението и се додава дека во март оваа година непознати лица се упатиле кон синагогите во Келн и „друг европски град“ со експлозиви, но дека од непознати причини не е извршен напад.

Истовремено со апсењето на двајцата осомничени во Келн и Хајделберг, извршени се претреси во 17 други објекти низ цела Германија.

Дејствијата на државното обвинителство се базираат на информации добиени од германската внатрешна тајна служба, Канцеларијата за заштита на уставниот поредок.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img