Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, во гостување на „4ТВ“ ги отфрли обвинувањата дека поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев преку него влијае врз одлуките во партијата.
„Јас сум професор по неврохирургија, никој не може да ме контролира. Ја водам партијата автентично, легитимно, без некој да ми влијае“, нагласи Филипче.
Воедно, тој додаде и дека Заев повеќе не се занимавал со политика.
Зборувајќи за сопствениот легитимитет, Филипче посочи дека на внатрепартиските избори за него гласале 20.000 членови и потсети дека за претседател на СДСМ бил избран во 2024 година, а во 2025 година добил нов четиригодишен мандат.






