домаМакедонијаБогдановиќ: Македонија ја гледаме во ЕУ, но не по цена на обезличување...

Богдановиќ: Македонија ја гледаме во ЕУ, но не по цена на обезличување на македонскиот народ

- Advertisement -spot_img

Македонија треба да биде дел од Европската Унија, но не по цена на губење на идентитетот на македонскиот народ, порача Саша Богдановиќ во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, говорејќи за позициите на новоформираната политичка партија СДЛ.

Тој нагласи дека, иако станува збор за партија со српски предзнак, нејзините заложби се почитување на Уставот и заштита на правата на сите етнички заедници, објави 4news.mk

„Македонија ја гледаме како дел од Европската Унија, но не по цена да бидеме обезличени, односно најголемата етничка заедница, Македонците, да биде обезличена“, истакна Богдановиќ.

Во однос на евроинтегративниот процес, тој се изјасни за барање гаранции, но и за концептот на постепено приклучување кон Европската Унија.

Богдановиќ откри дека уште додека бил член на СДСМ и градоначалник на Центар, ја поддржал иницијативата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски за отворање дискусија во партијата за францускиот предлог, поради што, како што рече, добил јавни критики.

Говорејќи за идните активности на СДЛ, најави дека на 5 декември очекува да се одржи конститутивната седница на Централниот одбор, по што ќе следува формирање на повеќе од 20 општински организации, комисии и сектори.

Целта е до 15 февруари партијата да има подготвена програма, кадровски решенија и функционална организациска структура.

На прашањето дали повторно би се кандидирал за градоначалник на Општина Центар, Богдановиќ одговори дека е рано да се зборува за тоа и дека неговиот актуелен приоритет е градењето на партиската структура.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img