Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, м-р Златко Перински, присуствуваше на првиот едукативен настан на новоформираното Здружение за детска неврологија и ретки болести „СТЕЛА ПЛУС“, посветен на современите пристапи во дијагностиката и лекувањето на ретките болести.
Ретките болести носат сложени здравствени предизвици, особено кога станува збор за децата и нивните семејства. Навременото препознавање на болеста, пристапот до соодветна терапија и континуираната поддршка се од исклучително значење за подобрување на квалитетот на нивниот живот.
Фондот ја препознава важноста на соработката меѓу здравствените институции, медицинските стручњаци и здруженијата, како и на размената на знаења и искуства што придонесуваат за унапредување на здравствената заштита.
Нашата заедничка цел е здравствен систем во кој потребите на пациентите се во центарот на вниманието, а секое дете има можност за навремена и соодветна здравствена грижа.
На Здружението „СТЕЛА ПЛУС“ му го честитаме формирањето, со желби за успешна работа и иницијативи што ќе донесат вистински придобивки за пациентите и нивните семејства.






