домаМакедонијаОд денеска ЕУ забранува извоз на пластичен отпад во Македонија

Од денеска ЕУ забранува извоз на пластичен отпад во Македонија

- Advertisement -spot_img

Европската Унија од денеска, 21 ноември, го забранува извозот на пластичен отпад во Македонија и во останатите земји што не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Забраната ќе важи најмалку до 21 мај 2029 година, а го опфаќа и чистиот, неопасен пластичен отпад наменет за рециклирање.

Тоа значи дека компаниите од ЕУ повеќе нема да можат да испраќаат ваков отпад во Македонија, дури и кога е наменет за преработка. Според податоците на Светската банка, во 2024 година членките на ЕУ пријавиле извоз на 323,5 тони пластичен отпад во земјава, во вредност од околу 46.400 долари. Најголемите количини биле испратени од Хрватска и Грција. Податоците не го покажуваат обемот на испораките во 2026 година.

Европската комисија објаснува дека со забраната сака да спречи отпадот создаден во Унијата да предизвикува загадување и здравствени ризици во други земји.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img