домаМакедонијаНово рочиште за судијата Ѓоко Ристов

Ново рочиште за судијата Ѓоко Ристов

- Advertisement -spot_img

Судењето поврзано со судијата Ѓоко Ристов, продолжи со испитување на техничкиот советник Атанас Козарев од областа на криминалистиката, а предложен од одбраната.

Според Козарев при обезбедување на доказниот материјал не биле применети стандардните процедури и постоела реална можност за внесување или пренос на туѓа ДНК. Наведе дека предмет на неговата стручна анализа биле начинот на постапување на овластените службени лица за време на претресот, извршен на 18 јануари оваа година во куќата во Неготино, од аспект на постапување со фолиите и банкнотите каде што биле пронајдени.

Обвинителката Искра Хаџи Василева оцени дека ова не може да се нарече вештачење.

Искра Хаџи Василева-обвинителка, ОЈОГОКК

„Во судницата имавме технички советник, но тоа што го има изготвено не може да се нарече вештачење. Самиот тој го крсти како наод и стручно мислење и заклучоци. И тоа е, на крајот на краиштата, и доследно. Зошто? Бидејќи ова е осврт кон постапувањето на овластените службени лица на местото кога е вршен претресот. Тоа не е стручен наод со кој се дискредитира или пандан на она што е вештачење на трагите од биолошко потекло, кое е доказен материјал од страна на Обвинителството, кој беше изведен.“

Одбраната на Ристов, Звонко Давидовиќ, образложи зошто за нив е важно она што при испитувањето го кажал техничкиот советник.

Звонко Давидовиќ-адвокат на Ѓоко Ристов

„Тој не го оспорува ДНК-вештачењето, кое е неспорно. Го спори начинот на кој се обезбедени ДНК-трагите и дека постои реална можност од нивна контаминација и објасни зошто. Значи, тој го оспорува материјалот што е вештачен затоа што според стандардите што требало да бидат применети, а и оваа држава е потписник на истите протоколи, не се испочитувани.“

Судењето продолжува на деветти декември, а кон средината на следниот месец предвидени се завршни зборови.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img