домаМакедонијаСредба Трајков - Аксинте: Романија останува значаен партнер на Македонија во европската...

Средба Трајков – Аксинте: Романија останува значаен партнер на Македонија во европската интеграција

- Advertisement -spot_img

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорката на Романија, Моника Аксинте, и со Вероника Чолка.

На средбата биле разгледани билатералните односи, европската интеграција на Македонија, реформските процеси, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Трајков ја истакнала важноста на континуираната поддршка и размената на искуства со земјите членки на Европската Унија. Посочила дека регионалната соработка и партнерствата се значајни за забрзување на европската перспектива на земјава.

На разговорите станало збор и за можностите за интензивирање на институционалната комуникација и соработката во областите од заемен интерес.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img