домаМакедонијаПовеќе населени места и деловни објекти утре без струја, прекините ќе траат...

Повеќе населени места и деловни објекти утре без струја, прекините ќе траат до шест часа

- Advertisement -spot_img

Повеќе населени места и делови од Скопје и околината утре, 20 ноември, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.

Од 6 до 12 часот без струја ќе бидат жителите на селата Бадар и Кожле, викендичките во Блаце Шип, Фазанеријата Тотинци, пумпата за водовод Кожле и тунелот Катланово. Прекинот е поради поправка на 10-киловолтен далекувод и замена на дефектни изолатори.

Од 8 до 14 часот без напојување ќе останат потрошувачите од дел од улицата „Франц Лист“ во Маџари и Хиподром.

Во истиот период, од 8 до 14 часот, прекин ќе има и во дел од индустриската зона Ќојлија, каде што без струја ќе бидат објектите на „Киппер“, „Кобра Панел“ и „Подравка“.

Од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе остане и дел од Црвена Присојница и месноста Осојница во Сопиште.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img