Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за надвборешни работи Тимчо Муцунски се во Берлин, на состанок на Коалицијата на волните, за поддршка на Украина.
– Заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Берлин учествувавме на состанокот на Коалицијата на волните, посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир.
На состанокот организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц беше истакната важноста на засилените напори за завршување на војната, како и потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД.
Ја потврдивме поддршката на нашата земја за напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина, преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници.






