домаМакедонијаГаши: Македонија покажа подготвеност за големи компромиси за членство во ЕУ

Гаши: Македонија покажа подготвеност за големи компромиси за членство во ЕУ

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретнал со Кристоф Исранг, директор за Европа во германското Министерство за надворешни работи, и германската амбасадорка Петра Дрекслер.

На средбата биле потврдени добрите односи и партнерството меѓу двете земји, а соговорниците размениле мислења за европската интеграција, нејзиното стратешко значење и предизвиците на патот кон членство во ЕУ.

Гаши ја истакнал посветеноста и решителноста на земјата за членство во Европската Унија и рекол дека таа покажала подготвеност да преземе значајни чекори и да направи големи компромиси за остварување на таа стратешка цел. Според него, европската интеграција не треба да се гледа само како политички и институционален процес, туку и како прашање на безбедноста и егзистенцијалниот интерес за иднината и стабилноста на земјата и регионот.

Гаши го нагласил значењето на континуираната поддршка од Германија и европските партнери за забрзување на проширувањето на ЕУ. Исранг го поздравил ангажманот на земјата во спроведувањето на реформите и ја потврдил германската поддршка за проширувањето, нагласувајќи ја важноста на европската перспектива за земјите од регионот.

Соговорниците разговарале и за актуелните случувања во регионот, придонесот на земјата во НАТО и геополитичките околности, како и за нивното влијание врз европската безбедност и стабилност.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img