домаМакедонијаЗатворен за сообраќај патот Охрид – Ресен преку Галичица

Затворен за сообраќај патот Охрид – Ресен преку Галичица

- Advertisement -spot_img

Возачите кои планираат да патуваат меѓу Охрид и Ресен преку националниот парк Галичица ќе мора да користат алтернативни патни правци. Од денеска, сообраќајот на оваа делница е целосно забранет за сите видови возила, информираат од ЈП „Македонијапат“.

Затворањето е дел од редовниот сезонски режим што се применува на овој патен правец секоја година, во периодот од 15 ноември до 31 март.

Причината за воведувањето на забраната се специфичните услови на патот, кој минува преку највисокиот планински превој во Македонија. На ова подрачје чести се непредвидливите ветрови, снежните врнежи и ниските температури, што го отежнуваат одржувањето и безбедното одвивање на сообраќајот во зимските месеци.

Затоа, патниот правец останува затворен во текот на зимскиот период за сите категории возила.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img